Луксузното одморалиште „Gaya Island Resort“ е прекрасно место вгнездено во островот Борнео. Одморалиштето располага со 121 вила, идилични златни плажи, прекрасно уреден ентериер, опколено е со прекрасна прашума, а погледот е магичен.
Одмаралиштето е лесно достапно, бидејќи е на половина час возење од интернационалниот аеродром „Kota Kinabalu“. За уживање во ова катче ќе ви биде потребна поголема сума на пари.
Едно ноќевање чини 490 американски долари. За оваа сума, покрај ноќевањето и вклучениот појадок имате можност да уживате и во два луксузни спа третмани.
На располагање ќе ви бидат голем број услуги како третмани во спа-центарот, сафари, нуркање, посета на помали околни острови и уште многу други.
Уживајте…