2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntersport оствари рекорден приход

Intersport оствари рекорден приход

Intersport__logouykjt785

Меѓународниот трговски ланец на спортска опрема „Intersport International Corp.“ со седиште во Швајцарија, минатата година ја зголеми продажбата за еден процент, на рекордно ниво од 10,3 милијарди евра (12,6 милијарди франци).

Најголем придонес за растот на приходите даде сегментот на опрема за трчање и гимнастика, додека артиклите за зимски спортови, како и за фудбал, забележале пад на продажбата, се наведува во соопштението на компанијата.

Продажбата особено била добра во Германија, Франција и Велика Британија, како и во повеќето земји од Централна и Источна Европа.

„Intersport“ има пвеќе од 5.400 продажни објекти и присутен е во 44 земји во светот, а во минатата година тој ја зголеми својата активност во Азија и Океанија, особено во Кина и Австрија. Исто така, значителни резултати оствари и во Белорусија и Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП