26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотската јакна на Џон Кенеди продадена за 629 илјади долари

Пилотската јакна на Џон Кенеди продадена за 629 илјади долари

kenedi1

Пилотската јакна на Џон Кенеди во неделата беше продадена за 629 илјади долари, на аукцијата за предмети кои му припаѓале на убиениот американски претседател, речиси 50 години по неговата смрт.

Јакната на претседателот е само еден од илјадниците предмети, вклучувајќи писма, фотографии и книги кои беа пронајдени кај Дејвид Поверс, советникот на Кенеди кој почина во 1998 година.

Овие предмети се пронајдени во текот на последните години кога наследниците на Поверс ја подготвувале неговата куќа во Арлингтон за продажба.

Поверс беше најблискиот пријател и сорабтник на Џон Кенеди во текот на целата негова кариера, од 1946 до убиството во 1963 година. Подоцна тој останал во контакт со неговото семејство, па се до неговото пензионирање во 1994 година ја предводел претседателската библиотека и музејот на Џон Кенеди во Бостон.

Најголемото изненадување на аукцијата беше продажбата на јакната на Кенеди „Air Force One bomber jacket“, иако на почетокот на аукцијата се очекуваше јакната да достигне цена од 20 до 40 долари.

Помеѓу понудените предмети беа и писмата на Џон Кенеди и првата дама Џеки Кенеди, како и бројни книги со автограм од убиениот американски претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП