Кон крајот на оваа година на европскиот пазар ќе се појави нов смартфон – „Zilta“.
Овој уред ќе чини само 139 долари, а проектот е на едно дуо кое претходно направи апликација која имаше за цел да го подобри и поедностави искуството на користење на „Android“.
Апликацијата нудеше едноставен интерфејс, а откако беше превземена 10.000 пати, Лари Нуминен и Јука Кекалаинен одлучија дека е време за покомплициран проект.
Телефонот работи на променета верзија на „Android 4.4“, со многу едноставен кориснички интерфејс. На почетниот екран ќе бидат шест големи икони – „email“, „browser“, фотографии, пораки и една за останатите апликации и подесувања.
Хардверот ќе се произведува во една кинеска фабрика, а „Zilta“ ќе има 1GB RAM меморија, процесор со четири јадра на 1,3GHz и камера со резолуција од 5 и 2 мегапискели.