27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонецот за еден милион долари треба да работи 189 години

Македонецот за еден милион долари треба да работи 189 години

onemillion1

Едно истражување покажа дека на едно просечно семејство во САД потребни му се 20 години за да заработи еден милион долари.

Во своето истражување лондонскиот Економист воопшто не го споменува балканскиот регион.

За едно домаќинство да заработи милион во Америка, потребно е да работи цели дваесет години. Интересно е тоа што САД, исто така, има најмногу домаќинства со приход од еден милиони, речиси четири проценти од вкупниот број на домаќинства во текот на својот живот заработиле еден милион.

За да заработите еден милион долари во Данска, потребни ви се триесет години, слично како и во Канада и Јапонија.

Во Франција, Германија и Велика Британија потребни ви се четириесет години, а во Италија, Шпанија и Израел речиси педесет.

Интересно е тоа што во Португалија ви е потребен цел животен век, околу 90 години, а во Чиле тоа се смета за невозможно бидејќи потребни ви се 160 години.

Според методата на Економист, Ал Џезеира, пресмета колку години ќе ви бидат потребни за да заработите милион доколку живеете во нашиот регион.

За просечно семејство, сметајќи дека во секое трето семејство работат два негови членови, во Словенија би ви биле потребни 60 години за да заработите милион, додека во Хрватска би ви биле потребни околу 80 години.

Црногорците тоа не би го дочекале до крајот на својот живот бидејќи поребни им се 130 години.

Во Босна и Херцеговина за да го заработите овој милион потребни ви се малку повеќе години, односно околу 149 години.

Во Србија уште повеќе, околу 158 години.

А во Македонија би се начекал и Александар Македонски.

Просечното македонско семејство би требало да работи 189 години за да заработи еден милион долари.

И тоа, да не заборавиме, под услов од таа плата никој ништо да не троши ни за храна ни за струја, туку да живее од воздух.

Меѓутоа, ако тоа е некаква утеха, кога би останале денешните статистики и кога просечната плата би била мерило, тогаш на едно бугарско и турско семејство би му биле потребни околу 250 години, а на романското семејство, кое е во Европската унија, неверојатни 350 години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП