Роберто Кавали ја креираше својата позната линија „Just Cavalli“ уште во 2001 година, а во новата сезона таа доживеа комплетно дополнување…
Дополнувањето на „Just Cavalli“ е новата линија на часовници која е наречена „Luminal“ и е комбинација од современите трендови и оригиналноста, исцртана во многу различни и смели бои, а наменета за сите мажи и жени кои ја сакаат уникатноста. Овие часовници се произведени во соработка со познатата група „Morellato“, која е најпознатиот и најважниот јувелирски бренд во Европа.
„Luminal“ колекција на часовници претставува префинети и интересни модели. Светкавиот завршен детал на совршен начин го претставува Cavalli стилот, како и движењето и естетиката на овој модел.
На овие часовници ќе го најдете логото, персонализиран бројчаник и емајлирани или кристализирани детали кои го потенцираат луксузот.