7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемиот јаз помеѓу северот и југот ја загрозува економијата

Големиот јаз помеѓу северот и југот ја загрозува економијата

eu111111

Економијата на еврозоната може да се намали за 0,2 или 0,3 отсто поради преголемиот јаз во поглед на економската состојба меѓу северот и југот, изјави гувернерот на Централната банка на Австрија, Евалд Новотни.

– Ние во Европа мораме да се соочиме со фактот дека стопанскиот раст ќе биде намален за 0,2 или 0,3 отсто – рече Новотни, кој е член на советот на гувернери на Европската централна банка (ЕЦБ).

Тој потенцира дека меѓу 17 земји членки на еврозоната постои огромна економска разлика, која во иднина може да се зголемува. ЕЦБ во декември изнесе предвидувања за стопанскиот раст на еврозоната кој се движи од минус 0,3 до плус 0,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП