28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските компании заинтересирани за инвестиции доаѓаат во Македонија

Странските компании заинтересирани за инвестиции доаѓаат во Македонија

D

Претставници на неколку меѓународни компании во наредните две до три недели ќе ја посетат Македонија на поконкретни разговори пред да донесат конечна одлука за инвестирање.

– До средината на март очекуваме поконкретни средби со компании кои се пред донесување одлука за инвестирање во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, електрониката, чевларската индустрија од Америка, Западна Европа,Турција и Јапонија, изјави за МИА директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатата недела ги претстави можностите за инвестирање пред бизнис секторот во Украина, која годинава е прва дестинација каде Владата прави економска презентација.

Директорот Мизо, кој беше дел од делегацијата, истакна дека можностите се претставени пред 200 компании, а интерес поконкретен пројавиле компании од областа на туризмот, експлоатација на минерални суровини, градежништвото, машинското производство, како и извозот на земјоделски производи.

Во делот на туризмот, покрај изградба на хотели, истакнато е и организирање групи од Украина во Македонија, а се очекува да се раздвижи и најновата мерка за субвенции со што Македонија ќе стане поконкурентна дестинација за тамошните туроператори.

Покрај Киев, владината делегација ги посети и Дњепропетровск и Доњецк, кои се индустриски најразвиени региони во Украина.

Меѓу најавените дестинации каде Владата ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија е и Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП