19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОOваа недела Барса ќе финализира два трансфери

Oваа недела Барса ќе финализира два трансфери

rakitic-claudio-bravo1111

Раководството на Барселона ќе заврши две трансфер операции во оваа недела, пишува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

Преговорите за Иван Ракитиќ од Севиља и Клаудио Браво од Реал Сосиедад се во многу напредна фаза и се очекува трансакциите да станат факт во наредните денови. Денес спортскиот директор на „сино-црвените“ Андони Зубизарета и потпретседателот Хавиер Фауст ќе имаат разговор со техничкиот секретар на „андалусците“, Мончи.

Од „Рамон Санчез Писхуан“ сакаат 20 милиони евра и лиценца за Денис Суарез. Каталонскиот клуб сака да го намали трансферот до 18 милиони.

Според весникот „Диарио Баскија“ договорот за Клаудио Браво во голема мера е постигнат. На „Аноета“ ќе пристигнат 12 милиони евра и младиот фудбалер Жонатан дос Сантос. Мексиканец не влегува во плановите на Луис Енрике за новата сезона.

Од „Камп Ноу“ напорно работат на реализација на уште неколку трансфери, но таму преговорите не се толку напредни. Станува збор за Маркињос од ПСЖ и Џереми Метју од Валенсија. За позицијата десен бек се споменуваат Лукаш Пишчек (Борусија Дортмунд) и Куадрадо (Фиорентина).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП