9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбе го засилува притисокот врз Централната банка

Абе го засилува притисокот врз Централната банка

abe1

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави денеска дека може да ја ограничи независноста на Централната банка на Јапонија, доколку таа институција не успее да достигне амбициозна цел за инфлацијата.

Абе предупреди дека неуспехот на Банката на Јапонија да исполни цел – двопроцентна инфлација, може да отвори врата за ревизија на законот за централната банка. Премиерот укажа претходно дека може да се промени законот кој гарантира независност на банката ако таа институција не постапи во согласност со неговите препораки за спасување на ослабената економија, а кои се однесуваат на големата потрошувачка и агресивното монетарно олабавување.

Банката на Јапонија се наоѓа под притисок од конзервативната Влада и минатиот месец прифати програма за неограничено купување имоти и постави целно ниво на инфлација, заради извлекување на државата од повеќедецениската дефлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП