4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта Hartaque (фото)

Луксузната јахта Hartaque (фото)

aed1

Данската компанија „ICON Yachts“ официјално ја претстави јахтата со раскошен дизајн „Hartaquе“. Јахтата е долга 62 метри. Генералниот директор на „ICON Yachts“, ја опиша „Hartaquе“ јахтата како најдобра јахта која тие ја креирале, на основа на различните искуства кои им ги донеле претходните серии.

Величенствениот ентериер на јахтата е дело на „Cristiano Gatto Design“ тимот, стациониран во Италија. Природните материјали, прекрасниот уникатен декор, раскошното осветлување и совршениот рачно изработен мебел, ја направија оваа јахта посебна.

Гостите ги „дочекува“ централното лоби, со темен дрвен под и одлично осмислено осветлување… Лобито води во главниот салон, кој има пристап до луксузно опремената трпезарија, со капацитет до 12 гости, како и отворената дневна соба со прекрасен ентериер. Дневната соба може да биде затворена со големи лизгачки врати.

„Hartaquе“ јахтата, може да нагости 12 луѓе. Поседува 4 гостински и 2 ВИП апартмани.

aed2

aed3

aed4

aed5

aed6

aed7

aed8

aed9

aed10

aed11

aed12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП