Француската комисија за заштита на конкуренцијата и даде дозвола на германската компанија „Douglas holding“ за преземање на ланецот парфимерии „Nocibe “ под услов да ја покрие мрежата од 38 продажни објекти.
Благодарение на ова спојување со германскиот ланец парфимерии кои во 1821 година ги основаше Џон Шаро Даглас, на францускиот пазар ќе биде создадена најголемата мрежа на парфимерии, поголема од онаа под брендот „Sephora“ која беше во сопственост на луксузната куќа „LVMH“ и компанијата „Marionnaud Parfumeries“, а која во 2005 година ја купи кинеската групација „A.S.Watson “, пренесува Ројтерс.