5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот авиопревозник Delta Airlines нарача 15 авиони од Airbus

Американскиот авиопревозник Delta Airlines нарача 15 авиони од Airbus

E

Американскиот авиопревозник „Delta Airlines“ вчера порача 15 авиони од „Airbus“ од типот „А321“ за средни дестинации по цена од 1,65 милијарди долари и договорен рок на испорака во 2018 година, соопшти вчера европскиот производител на авиони.

Со тоа, бројот на авиони кои ги порачала американската компанија порасна на 55, односно 45 авиони од типот „А321“ и 10 авиони од типот „А330“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Првата испорака на авионите А321 ќе започне на почетокот на 2016 година, а новите авиони ќе го унапредат летачкото искуство на нашите клиенти и ќе им донесат голема корист на нашите акционери“, се вели во соопштението на американската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП