7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Hayman Hotel (фото)

Луксузниот Hayman Hotel (фото)

vab1

„Hayman Hotel“ со пет ѕвездички се наоѓа на привилегиран остров во Австралија, и овозможува лесен пристап Големиот корален гребен.

Природната убавина која го опкружува овој хотел е само неколку минути оддалечена од љубопитните истражувачи.

Ова е веројатно причината поради која 240 луксузни соби од овој хотел, кој вклучува и апартмани, пентхауси, вили и куќички на плажа, не се направени само за уживање на гостите, туку може да се сметаат за почетна точка за незаборавна авантура во природата.

Разиграниот изглед на овој хотел, со контрасни зелени шуми и сина вода на околните базени, прават совршена сценографија за празнично инспириран одмор.

Дизајнот на ентериерот стилски се комбинира со модерни детали како прецизни геометриски облици и прозорци од подот до таванот со повеќе традиционален мебел и дрвени детали.

Целокупното чувство е елеганција и софистицираност и луксуз, и внатре и надвор.

vab2

vab3

vab4

vab5

vab6

vab7

vab8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП