26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветското првенство во Бразил ќе го обезбедуваат 170.000 полицајци

Светското првенство во Бразил ќе го обезбедуваат 170.000 полицајци

bras

Бразил oд 12 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, а за безбедноста ќе се грижат околу 170.000 полицајци. Во оваа бројка се вклучени и дел од приватното обезбедување, како и федерални агенти.

Незадоволни од социјалната политика и трошоците за Мундијалот, во бразилските градови имаше бројни демонстрации пред шампионатот, а се очекуваат и за време на одржувањето на првенството.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф побара од војската да ги засили полициските сили во хотелите и во тренинг камповите на репрезентациите.

Исто така преземени се големи мерки за безбедност (видео камери и метал – детектори) на стадионите.

Домаќинот очекува околу десет илјади навивачи од „соседството“ од Аргентина, а познато е дека најекстремните од нив правеа немири на Светските првенства во Мексико (1986 година), во Франција (1998) и во Јужна Африка (2010).

Владата на Аргентина испрати листа на потенцијални бунтовници, но во Бразил проценуваат дека тешко ќе успеат сите да ги стават под контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП