7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната колекција на мебел Provasi (фото)

Луксузната колекција на мебел Provasi (фото)

caz2

Луксузната колекција на мебел со импозантни елементи и финални детали, привлекува внимание од многумина…

Кога зборуваме за креативноста во дизајнот на ентериерот би требало да ги нагласиме карактеристиките и квалитетите кои ги рушат секојдневните шаблони, со цел да се подобри ефектот и комбинациите кои го прават ентериерот екстремно посебен и модерен, без оглед на големината.

Тука станува збор токму за тоа прашање, на овие слики можете да ги забележите трите елементи кои ја завршуваат целата работа: дрво, бели тонови и злато.

„Venice“ креветот има големо влијание, тој има за цел да го нагласи максимумот на способноста од работата со дрвените површини. Позлатата уште повеќе ја нагласува резбата на дрвената површина, но сепак успева да ја претстави моќта на ова парче мебел. Убавината на белата боја дефинитивно придонесува за сето ова, таа е нанесена на повеќе површини кои го отвараат просторот и го прават поширок.

Практичната елегантна софа „EMMA“ со своите две перничиња, ја комплетира оваа сцена, таа се издвојува со квалитетната рачна изработка.

Орманот „1225“, кој е богато декориран, ја одразува целокупната елеганција во просторот и прави контраст во ентериерот на просторијата.

Финалниот детал во оваа соба е кружното огледало „0167“, кое е импозантно и декоративно делува во целиот простор.

caz1

caz4

caz6

caz5

caz3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП