4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмерикански T-Mobile ќе добие јапонски сопственик!?

Американски T-Mobile ќе добие јапонски сопственик!?

t-mobile usa

Според информациите кои ги објави јапонската интернет страна „Kyodo News“, „Deutsche Telekom“ се согласи да ја продаде својата американска подружница „T-Mobile USA“ на јапонскиот мобилен оператор „SoftBank“.

Засега не се објавени условите од договорот, ниту цената на аквизицијата. Доколку ова купување се оствари на американскиот пазар ќе дојде до соединување на „Sprint“ (третиот мобилен оператор на пазарот, кој веќе е во сопственост на „SoftBank“) со „T-Mobile USA“ кој се наоѓа на четвртата позиција.

По соединувањето, тоа би значело дека новиот оператор ќе има околу 103 милиони претплатници, но повторно ќе остане на третата позиција зад компанијата „Verizon Wireless“ која има 122 милиони корисници, како и „AT&T“ со 116 милиони претплатници.

Соединувањето го форсира главниот извршен директор на „SoftBank“, Масајоши Сон, кој смета дека комбиниранта поголема компанија ќе биде подобра конкуренција на водечките две. Американската федерална комисија за комуникација (FCC), како и американското правосудство веќе изразија загриженост поради ова соединување, затоа што сметаат дека се кршат правилата за пазарно натпреварувње.

Претставниците на „Deutsche Telekom“ и „SoftBank“ моментално немаат никакви коментари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП