25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПриродна козметика од вашата кујна

Природна козметика од вашата кујна

letniy_uhod_za_kozhey

Дали знаете дека во вашата кујна „се кријат“ прекрасни работи не само за вашиот стомак туку и за вашиот изглед? Затоа прочитајте како можете секојдневните намирници да ги употребите како козметички сретства…

БАНАНА

На кого му е потребен ботокс ако има банани? Токму така: дотичното овошје може да се користи како потполна природна маска за лице која ја влажни кожата и ја прави помека. Добро испасирајте една зрела банана со средна големина (пасирајте додека не добиете глатка смеса), а потоа нежно нанесете ја на вашето лице и врат. Оставете ја да стои 10-20 мин, а потоа измијте го лицето со ладна вода и погледнете се во огледало! Вашата кожа ќе биде помека и повлажна! Еве уште еден сличен рецепт за маска која ја храни кожата: во пасираната банана додадете 4 лажици обезмастен јогурт и 2 лажици мед. Се користи на ист начин како и горенаведената маска.

ОЦЕТ

Прво измијте го лицето со млака вода, а потоа мешавината која се состои од 1 лажица природен јаболков оцет и 2 шољи вода нанесете ја на лицето. Оваа постапка ќе ви ја исчисти и тонира вашата кожа. Исто така, можете да направите и сопствен третман на лице со мешавина од 1/4 јаболков оцет и 1/4 вода. Нежно нанесете ја на лицето и оставете да се исуши.

МЛЕКО

Направете маска со мешање на 1/4 шоља млеко во прав со доволно количество вода за да се формира густа смеса. Темелно покријте го лицето со оваа мешавина и оставете потполно да се исуши, а потоа измијте го лицето со топла вода. Вашето лице ќе изгледа свежо и подмладено.

ОВЕСНА КАША

Ако немате време за држење на маска подолго време, а ви е неопходен свеж изглед кој остава впечаток и овозможува да изгледате подобро – тогаш вистинскиот избор е овесна каша! Помешајте 1/2 шоља топла не зовриена вода и 1/3 шоља овес. После неколку минути кога овесот убаво ќе се натопи во водата додадете 2 лажици ниско мастен јогурт, 2 лажици мед и белка од јајце. Нанесете тенок слој на лицето и оставете да отстои 10-15 мин. Потоа измијте го лицето со топла вода.

МАЈОНЕЗ

Зошто би ги трошеле парите на креми кога можете лицето да го третирате со смирувачка маска од мајонез? Нежно масирајте го лицето со мајонез и оставете го 20 мин, а потоа исчистете го со ладна вода. Вашето лице ќе биде чисто и мазно.

ЈОГУРТ

Не морате да трчате на козметичар за да ја исчистите кожата и да ги затегнете брчките. Наместо тоа земете обичен јогурт и намачкајте го на лицето. Оставете го 20 минути, а потоа благо исплакнете го. Ќе бидете изненадени од свежината со која просто кажано ќе зрачите!

Ако сакате и ревитализација пробајте ја следнава маска: Помешајте 1 лажица обичен јогурт со сок од 1 парче портокал (заедно со пулпата) и 1 лажица гел од Алое. Оставете ја мешавината на лицето најмалку 5 минути, а потоа полека измијте го лицето со млака вода.

СЕНФ

Одлична маска за зацврстување и стимулирање на кожата на лицето. Користите благ сенф така што нежно ќе го натапкате на кожата на лицето. Но, кај оваа маска бидете претпазливи постојат лица со исклучително светол тен кај кои  дури и благиот сенф може да предизвика иритација, затоа прво пробајте на мал дел од лицето. Доколку се појави црвенило (не паничете-бргу поминува) тогаш оваа постапка не е за вас.

ЛИМОН

Мешавината на сок од еден лимон и 1/4 маслиново масло (може да се користи и бадемово масло) одлично делува на кожата која треба да „продише“. Не само што со помош на оваа маска ќе ја регулирате влажноста на вашата кожа, туку таа ќе стане и посвежа со посветла нијанса која дискретно се прелива.

ЈАЈЦА

Дали имате време и пари да одите на козметичар кој ќе ви каже дека вашата кожа изгледа ужасно? Немате? Во тој случај појдете до фрижидерот и земете едно јајце. Ако имате сува кожа на која и треба хидратација одвојте ја жолчката од белката и добро измешајте ја (жолчката). За мрсна кожа добро изматете белка со додаток на неколку капки лимон или половина лажица мед. За нормална кожа изматете цело јајце. Значи во зависност од типот на кожата ставете маска што ќе ви одговара, опуштете се и почекајте 30 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Ќе ви се допадне новото, свежо лице кое ќе го видите во огледало!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП