2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинета авантура за богатите (фото)

Префинета авантура за богатите (фото)

aft1

За оние со „длабоки џебови“, кои ја знаат вредноста на квалитетните и скапоцени пијалоци, постои понуда за нова авантура која трае 40 дена…

Оваа авантура вклучува посета на хотелите со 5 ѕвезди, 10 неверојатни локации, како и дегустација на некои од најексклузивните пијалоци.

Меѓу најважните елементи на ова патување е коктелот со дијаманти, кој по цена од 12.000 фунти се служи во „Algonquin“ хотелот во Њујорк, како и дегустација на „Armand de Brignac Dynastie“ од 330,000 фунти во Клубот на Милијардери во Монако.

Покрај тоа, гостите имаат опција да ги изберат локациите во кои ќе уживаат во единствената и скапоцена „Ампула на црвеното вино“, вредна 110.000 фунти, како и дегустација на „Jose Cuervo 250 Aniversario“ текила во Лас Вегас која чини 400 фунти за една чаша.

Сепак, ова патување не им е посветено само на пијалоците. Гостите ќе имаат прилика да уживаат и во приватните тури, прошетки, па дури и во приватен хеликоптер. Покрај тоа, ќе имааат можност да уживаат во некои од најексклузивните барови и ресторани во светот, како што е „Hermitagе“ во Монако, „Mandarin Oriental“ во Лас Вегас и „Crown Club Casino“ во Мелбурн.

Доколку ви се допаѓа овој аранжман, за ова патување потребно е да издвоите 750.000 фунти, односно 1,25 милиони долари…

aft2

aft3

aft4

aft5

aft6

aft7

aft9

aft8

aft10

aft11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП