27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба најмногу инвестира во образование

Куба најмногу инвестира во образование

kubaobraz

Куба издвојува дури 12,9 проценти од БДП за образовниот сектор, со што е прва во светот.

Досега се сметаше дека приматот им припаѓа на скандинавските земји и Нов Зеланд, меѓутоа, првото место ќе мора да и го отстапат на земјата која се бори со финансиски проблеми, поради економските санкции кои и беа наметнати од страна на САД.

На пример, Исланд за образование издвојува 7,8 отсто од вкупниот БДП, Шведска 7,3 отсто, Нов Зеланд 7,2 отсто, Норвешка 7,3 отсто, Финска 6,8 отсто од БДП.

“Ова е доказ за чувство на одговорност на владата, и тоа ни кажува дека во текот на подготовката на предлог-буџетот, еден од главните приоритети е развојот на образовниот систем, и овозможување бесплатен пристап за сите”, изјави кубанскиот министер за образование, Родолфо Аларкон Ортиз.

И покрај блокадата од САД која трае повеќе од половина век, квалитетот на кубанскиот образовен систем е таков, што многу други побогати земји не само што не го достигнале, туку на улиците на многу градови во светот има млади луѓе кои бараат бесплатно образование, жртви на полициска репресија, палки, водени топови, солзавец, гумени куршуми, а некои заради тоа што бараат правда и образование за сите, плаќаат со своите животи.

Куба до Јануари 1959 година имаше само три универзитети, на кој студирале околу 15.000 студенти, и во кои предавале едвај 1.000 професори.

Денес, според последните податоци, во Куба работат 77.000 професори, од кои 54.000 од нив со полно работно време, а во универзитетите има 261.000 студенти на 104 различни факултети кои се поделени во 67 научни, технолошки и хуманистички универзитетски центри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП