Двете швајцарски фармацевтски компании се договорија да ја спречат диструбуцијата на лекови за слабеење на видот. Италија бара 1,2 милијарди за надокнада на штетата.
Италијанското Министерство за здравство бара 1,2 милијарди евра надоместок за штетата од „Novartis“ и „Roche“, по пресудата во која се наведува дека овие две швајцарски фармацевтски компании се договориле да ја спречат дистрибуцијата на лекови за слабеење на видот.
Швајцарските компании се обвинети дека сораб0тувале во дистрибуцијата на „Lucentis“, кој се користи за лекување на слабеење на видот, на штета на помалку скапиот „Avastin“, за кој е утврдено дека е подеднакво ефикасен како и поскапиот „Lucentis“.
„Novartis“ и „Roche“ негираат дека направиле нешто лошо и најавија жалба на пресудата. Конечната одлука се очекува во ноември. Министерката за здравство Беатрис Лоренцин изјави дека обврска на владата е да побара надоместок за штетата во здравствениот систем.