4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата крофна во светот (фото)

Најскапата крофна во светот (фото)

luksuz-delicious-najskuplja-krofna (1)

На листата со најскапата храна и пијалоци се наоѓаат многу нешта, а сега на неа ја додаваме и оваа крофна…

Мајсторот за правење на превкусни и префинети крофни „Krispy Kreme“ и лондонската стоковна куќа „Selfridges“, соработуваа во креацијата на најскапата крофна во светот.

Со цел да го одбележат Националниот ден на крофни во Обединетото Кралство, овие два бренда креираа крофна која беше прикажана на ексклузивниот настан во „Selfridges“ стоковната куќа. Доколку сакате да пробате една ваква крофна, треба да платите 2.000 долари.

luksuz-delicious-najskuplja-krofna (2)

Оваа скапоцена крофна е исполнета со скапоцени состојќи, меѓу кои желе од „Dom Perignon Vintage 2002“, со крам од малини и „Chateau d’Yquem“. Луксузната крофна е финиширана со глазура од рајски плодови, прекриена со 24-каратни златни листови кои можат да се конзумираат и декорирана рачно со бело белгиско чоколадо, и на крајот попрскана со 23-каратен златен прав. Од чоколадата е направен лотосов цвет, пупки, бршлен, пеперутки, а тука се и дијамантите кои може да се конзумираат. Крофната е сервирана со „Krispy Kreme“ коктел, кој е мешавина од сируп од малини и рајско овошје, 500 години стар „Courvoisier de L’Esprit“ коњак и повторно „Dom Perignon“ шампањ од 2002 година.

luksuz-delicious-najskuplja-krofna (3)

За изработка биле потребни три дена, односно за подготовка на декорацијата за оваа крофна. Најскапата крофна во светот е продадена за време на премиерното претставување, а парите се дадени во хуманитарни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП