Луксузниот бренд „Navis Yacht Charter“ ја претстави својата нова јахта„Ferretti 780“, која е нов додаток во нивната колекција…
Јахтата ја конструираше познатото италијанско бродоградилиште „Ferretti“, чие седиште се наоѓа во Форли. Долга 24,05 метри, со максимална брзина од 33 јазли, ова е моќна спортска јахта, која доаѓа опремена и со неколку играчки за вода, како што се џет скиите и опремата за нуркање.
Што се однесува до ентериерот, постојат четири кабини во кои можат да се сместат осум гости, а нивната внатрешна уреденост е навистина импресивна.
Три од четирите достапни кабини имаат фантастична аудио и видео опрема. Во другите погодности спаѓа големата палуба за сончање, на која има доволно простор за забава и скара.
Со цел на гостите да им биде што поудобно, тие можат да ја изнајмат оваа јахта со четири членови на екипажот.