28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов вирус се шири на Фејсбук, не ги отворајте овие пораки!

Нов вирус се шири на Фејсбук, не ги отворајте овие пораки!

virus fb

Иако ви делува дека некој од пријателите ви испратил порака, не ја отворајте во никој случај, затоа што се крие вирус.

Сите ние донекаде сме навикнати на тоа дека на „Фејсбук“ има многу вируси, но секој нов предизвикува паника меѓу корисниците. Неодамна се појави вирусот „LOL“, a сега има нова верзија наречена „hahaha“.

Името на фајлот е „DSCN_xxxxx.zip“, во кој „xxxxx“ претставуа некој случаен број. Тој со текот на времето се менува за да ги привлече корисниците да кликнат и да се „заразат“.

„Фејсбук“ најави дека наскоро ќе вклучи антивирус софтвер, па се надеваме дека овие појави ќе бидат се поретки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП