6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Валутните „војни“ го поткопуваат глобалниот финансиски систем

Драги: Валутните „војни“ го поткопуваат глобалниот финансиски систем

mario1

Драстичното намалување на курсот на националните валути го поткопува глобалниот финансиски систем, изјави денеска претседателот на Европската централна банка Марио Драги во Москва, јави Танјуг.

На почетокот на неделата Групата седум индустриски најразвиени земји, составена од САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Канада и Италија, во заедничко соопштение се спротивставија на наглото намалување на курсевите на националните валути, со цел да се обезбеди поддршка за локалните економии.

Според раководителот на ЕЦБ, валутниот курс е важен, првенствено за економскиот раст и стабилноста на цените, но тој не треба да се гледа како дел од монетарно-кредитната политика.

Драги одби да одговори каква ќе биде во иднина каматната стапка на ЕЦБ, а на прашањето дали во еврозоната постои ризик од дефлација, истакна дека под тоа се подразбира глобално намалување на цените на сите производи и дека такво нешто се уште не е забележано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП