26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLouis Vuitton колекција на машки торби

Louis Vuitton колекција на машки торби

„Louis Vuitton“ е водечко име во светот на луксузот и тоа не е никаква тајна.

luis1

Изненадување во оваа колкција за пролет/лето 2013 година е понудата која е наменета исклучиво на мажите.

luis5

Не се само жените тие кои шетаат од продавница во продавнца и поминуваат часови во трговските центри барајќи совршена торба. Мажите кои имаат вкус за елеганција и префинетост, исто така имаат тенденција кон пронаоѓање на совршен бренд. Колекцијата на машки торби за пролет/лето 2013 година, изобилуваат со наутичка тематика со остатоци од поп-културата.

luis6

Креаторите од „Louis Vuitton“ ветуваат дека во иднина ќе продолжат да ги привлекуваат мажите кон овој бренд. Компанијата навистина целела високо со оваа колекција на торби, па торбите, како и секогаш, се многу добро осмислени за да бидат подеднакво и функционални и убави за око. При изработката на овие торби е користено водоотпорно најлон-платно во комбинација со најквалитетната кожа, а дизајните се такви да бидат погодни за секоја прилика. Ова се некои од моделите од колекцијата кои привлекоа најголемо внимание:

luis2

„Damier Ebene Sac Marin“

Оваа торба може да се носи на шест различни начини а нејзината цена е 5.000 долари.

luis3

„Damier Challenge Bumbag“

Оваа водоотпорна компактна торба е сеопфатна и може да биде ваша за 4.900 долари.

luis4

„Damier Challenge Backpack“

Оваа торба е лесна, компактна и прилагодлива, а произведена е во ограничен број на примероци. Нејзината цена изнесува 14.600 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП