4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија може и без ММФ

Унгарија може и без ММФ

viktor1

Најновата верзија на унгарските обврзници во долари е доказ дека земјата може и без помошта на Меѓународниот монетарен фонд, изјави за државното радио премиерот Виктор Орбан.

Унгарија во вторникот собраа 3,25 милијарди долари преку издавање на обврзници на странскиот пазар на капитал со рок за отплата од пет и десет години, известија денес унгарските медиуми.

Две милијарди долари Унгарија собра со продажбата на 10-годишните обврзници, со купон од 5,375 проценти, а преостанатиот износ го собра од 5-годишните обврзници, со купон од 4,125 проценти.

Премиерот Орбан, за најновото издание на унгарските oбврзници рече дека е доказ за високата доверба во унгарската економија, која ги одржува инвеститорите предвидливи.

„Издавањето на обврзниците на некоја држава која привлекува шест пати поголем износ од понудата, во ниеден случај не може да се нарече „ѓубре“. Никој не би стоел во ред за „ѓубре“, изјави Орбан.

Унгарија се врати на задолжувањето на странските пазари на капиталот, откако Будимпешта не успеа да постигне договор со ММФ за флексибилна кредитна линија.

Запрашан за преговорите со ММФ, Орбан рече: „Би ни било убаво да постигнеме договор, но досега тоа не ни успеа“.

Враќањето на меѓународните пазари за обврзници по 20 месеци, покажува дека Унгарија е способна да ги подмири фискалните и потребите за надворешно финансирање во периодот од 2013 до 2013 година, без вршење на преголем притисок на домашниот пазар на капитал, стои во соопштението на агенцијата за кредитни рејтинзи „Fitch“, објавена по повод успешната унгарска аукција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП