Производителот на луксузен мебел „Dorya“, креираше уникатна и скапоцена колекција мебел инспирирана од светски најпознатиот претприемач, Доналд Трамп.
Оваа серија, која го носи името „Trump Home by Dorya“, ни претставува 50 нови дизајни со импресивен квалитет.
Колекцијата е креирана за оние кои се задоволуваат само со најдоброто, а претставува уникатна мешавина на сиви, металик и замаглени тонови, во комбинација со челик и мермер и топли тонови како бронзата или кремот, кои се во контраст со црниот лак или еспресо махагони елементите, декорирани со префинети француски позлатени детали.
Материјалите се врвни и фантастични, привлекуваат големо внимание со својата топлина и примамлив изглед. Педесет ексклузивни европски видови на ткаенина и 15 видови на кожа со врвен квалитет се одбрани да бидат клучните елементи во оваа луксузна колекција.