2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola ја напушта Швајцарија?

Coca-Cola ја напушта Швајцарија?

T

„Coca-Cola“ ќе го запре своето производство во Швајцарија доколу парламентот во таа земја ја усвои измената на Законот за картели, со што 900 работни места ќе бидат затворени.

Доколку компанијата би морала совоите производи да ги продава по цени кои важат во странство, американската компанија не би можела да ги покрие своите трошоци и би морала да ги намали платите или да го запре производството на швајцарскиот пазар, потврдуваат од „Coca-Cola“.

Најавената измена на Законот за картели е насочена против швајцарските шопинг-туристи, кои пазарат во соседните земји, и предвидува странските производители да ги продаваат своите производи под исти услови кои важат и надвор од границите на Швајцарија.

Меѓутоа, како што истакнуваат одговорните лица во швајцарската филијала на „Coca-Cola“, оваа најавена ревизија на законот не е во согласност со економската реалност, бидејќи трошоците за производство и заработка во Швајцарија се доста повисоки отколку во другите европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП