Доколку сте во потрага по рајот на земјата, Бора Бора е нешто најблиску до тоа, особено „Hilton Bora Bora Nui Resort“…
Овој хотел има совршени климатизирани вили, со спа бањи и балкони кои ви овозможуваат незаборавен поглед на лагуната. Секоја од вилите има елегантна мермерна бања, како и простран дел за опуштање со луксузни тв сетови, додека некои од вилите имаат и стаклени подни панели со поглед кон Океанот.
Тука можете да уживате и во рестораните кои нудат медитеранска и интернационална кујна, фантастичните сауни, масажи и сите луксузни погодности кои можете да си ги замислите.
Исто така, во склоп на овој резорт се наоѓа и инфинити базенот, спа центрот, неколку ресторани и голем број на отворени тераси на кои можете максимално да уживате.
„Hilton Bora Bora Nui Resort“ е скриено и приватно одморалиште, но до него лесно се пристигнува. Тоа се наоѓа на само 30 минути возење со брод од Моту Муте аеродромот.