3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiffany & Co. го зголеми профитот за 50 проценти

Tiffany & Co. го зголеми профитот за 50 проценти

tiffany_co_pacchetto-1024x769

Профитот на американскиот производител на накит „Tiffany & Co.“ во првиот квартал е зголемен за 50 проценти, благодарение на двоцифрениот скок на продажбата во светот и повисоките цени на производите.

Нето профитот на „Tiffany & Co.“ е зголемен на 125,6 милиони долари или 97 центи по акција, што е значително подобро во однос на профитот од 83,6 милиони долари или 65 центи по акција од истиот период минатата година, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата АП.

Приходите се зголемени за 13 проценти на 1,01 милијарди долари, со што се надминати очекувањата, а за цела година „Tiffany & Co.“ очекува профит од 4,15 до 4,25 долари по акција, што е повеќе во однос на 4,05 до 4,15 долари по акција од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП