Брендот „Versace“ ни ја претставува новата луксузна „V-Signature“ колекција на часовници, инспирирана од најновите модни брендови, која го отсликува нивниот познат стил и гламур…
Со типично силниот лик, новата колекција на часовници ни претставува куќишта од розево злато, на која се наоѓа познатиот „Versace“ грчки клуч. Исто така, Медузата, нивниот познат симбол, е пресликана на куќиштето и бројчаникот.
Ременот е дизајниран од кожа, и совршено го прикажува интригантно моќниот изглед на новите модели…
Палетата на бои исто така е многу смела. Сочинета е од агресивно црна, шик бела декорирана со дијаманти, а тука е и црвената и бронзената. Боите како што се портокаловата, лимон жолтата, тиркизната и уште неколку смело одбрани бои ја комплетираат оваа префинета колекција.