20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТони Крос разочара многу тимови - останува во Баерн!?

Тони Крос разочара многу тимови – останува во Баерн!?

tonita krosa

Халфот на Баерн Минхен ја отфрли можноста ова лето да премине во Манчестер Јунајтед, велејќи дека очекува да остане на „Алијанц Арена“ до крајот на својот договор, кој истекува за една година.

Вчера „Дејли Меил“ излезе со информација дека „црвените ѓаволи“ се договориле за трансферот на германскиот репрезентативец.

„Очекувам да останам во Баерн и во следната сезона. Имаше многу шпекулации, но Манчестер Јунајтед не е и не беше актуелна тема за мене. Во овој момент сум целосно сконцентриран на подготовките за Светското првенство во Бразил. Треба да се прифати и да се повикам со почит кон последните изјави од страна на раководството на Баерн Минхен. Искрено, не сум очекувал и друго, откако на почетокот на годината го отфрлив предлогот за нов договор“.

Репрезентативецот на Германија уште еднаш потенцираше што точно се случило на разговорот со раководството на клубот и дека неговото заминување е речиси невозможно.

„Би бил многу изненаден ако клубот ме пушти да си одам пред крајот на мојот договор. Ми рекоа многу јасно дека трансфер во 2014-та не е можен“, вели Крос.

Многу европски гиганти беа заинтересирани за услугите на одличниот фудбалер на „баварците“, сепак најгласни во тоа беа „црвените ѓаволите“, кои според последните информации ќе останат без својата посакувана желба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП