13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија со трговски суфицит во 2012 година

Италија со трговски суфицит во 2012 година

italy2

Италија минатата година оствари трговски суфицит во износ од 11 милијарди евра, соопшти италијанскиот Завод за статистика (Истат).

Ова е рекорден трговски суфицит уште од 1999 година.

Италијанскиот извоз во декември минатата година го надминал увозот за 2,2 милијарди евра.

Трговскиот суфицит на Италија во ноември изнесува 2,4 милијарди евра, што е речиси еднаков како и во октомври.

Годишниот трговски суфицит на Италија е над очекуваните осум до 10 милијарди евра, што е охрабрувачки сигнал за третата по големина економија во еврозоната, која се наоѓа во длабока рецесија по строгите мерки за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП