24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

sobir1

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги прифати измените на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во прво читање и ги проследи на натамошно читање.

Со законот, како што информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се намалат трошоците од Буџетот на Република Македонија по основ на вршење на административно-евиденциски работи и сметководствени услуги од страна на Стопанска банка АД Скопје за дадени денарски кредити.

– Со новото законско решение се предвидува Министерството за финансии да ја преземе целокупната документација и да ги води административните работи со тоа што ќе нема воопшто трошоци, односно вработените во Министерството ќе ги вршат административните работи и ќе има увид во целокупната документација со цел поефикасна наплата на побарувањата, појасни Јанакиески.

За спроведување на законот не се потребни дополнителни финансиски средства.

Досега, врз основа на договорот од 2004 година склучен меѓу Министерството за финансии и Стопанска банка АД Скопје, банката ги вршеше административно-евиденциски работи и сметководствени услуги во врска со побарувањата од крајните корисници пренесени на Министерството за финансии.

Комисијата прифати и три амандмани од технички карактер за измените и дополнувањата на Законот за банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП