Ова е уште еден неверојатен ресорт на Малдивите, далеку во Индискиот океан…
„Beach House Iruveli Resort“ е сместен на островот на Ха Алиф, се наоѓа на 75 минути од интернационалниот аеродром Мале и навистина е фантастичен. Овој прекрасен пејсаж кој го креирала човечка рака, стана апсолутна сензација.
Тука се вилите кои изгледаат како да плутаат над Индискиот океан, зеленилото кое прави да се чувствувате како да се во некоја џунгла, а тука е и прилагодениот спектар на услуги кој ви го покажува вистинското значење на егзотичниот луксуз и комфор.
Ресортот исто така има и неверојатен бистар инфинити базен. Количеството на услуги кои ги имате на располагање е навистина импресивно.
Овде никогаш нема да ви биде досадно, буквално постои листа на работи кои можете да ги направите, а и персоналот е навистина љубезен и ќе направи се за вас.