Стопанската комора на Македонија, како партнер и застапник на деловните интереси на стопанството во земјава, одбележува 91 година од основањето.
Стопанската комора одбележува 91 година од основањето

Во рамки на одбележувањето на годишнината, Комората ќе посвети посебно внимание на компаниите и менаџерите кои во кризниот период, од 2008 година до денес, беа храбри да инвестираат во нови производни погони, како и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство. Тие по тој повод ќе добијат и признанија.
Стопанската комора е водечка бизнис-асоцијација. Функционира од 1922 година, членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети.

