2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ги заменува традиционалните лаптопи со Surface

Microsoft ги заменува традиционалните лаптопи со Surface

mpro3

Aмериканскиот технолошки концерн „Microsoft“, доцна во вторникот претстави поголема верзија на своите таблети од серијата „Surface“. Компанијата тврди дека полесните и тенки уреди можат целосно да ги заменат традиционалните лаптопи.

„Microsoft“ го претстави новиот таблет со името „Surface Pro 3“ на настан во Њујорк. Како и на претходните модели од серијата, и овој уред ќе се работи со чип од „Intel“.

Новиот „Surface Pro 3“ е со профил од едвај 9,1 милиметри, тежи околу 800 грама и покрај тоа има голем 12-инчен екран со резолуција од 2560х1440 пиксели. Досегашниот модел располагаше со дисплеј со дијагонала од 10,6 инчи.

Графичката, која според „Microsoft“ е замена за вашиот лаптоп, ја користи четвртата генерација процесори „Intel Core i7“ со до 8 GB RAM и има доволно моќ да се користи за работа со тешки програми, а на презентацијата беше демонстрирана работа со софтверот за обработка на фотографии „Photoshop“.

Новиот таблет има и USB 3.0 порт, Bluetooth 4.0, microSD слот, Mini Display порт, Wi- Fi 802.11, 5 MP предна камера и уште една 5 MP задна камера, звучници, преден и заден микрофон. Според „Microsoft“ батеријата е доволна за до 9 часа работа при користење на интернет.

„Surface Pro 3“ располага и со нов држач на задниот дел на обвивката, која има можност за поголем агол и повеќе комотна позиција за дополнителни режими на работа, особено погодни за употреба на електронско пенкало. Самотопенкало се продава одделно за 50 долари. Подобрената тастатура „Type Cover“, која според концернот е поудобна за пишување во скутот, ќе чини 130 долари.

Цените на таблетите почнуваат од 799 долари за моделот со „Intel Core i3“, 4 GB RAM меморија, 64 GB и достигнуваат до 1949 долари за моделот со „Intel Core i7“, 8 GB RAM и меморија од 512 GB. Од денеска моделите се достапни за нарачка во САД, а стартот на продажбата е на 20-ти јуни во САД и Канада. Кон крајот на август „Microsoft“ планира да го продава уредот во 26 земји.

И бидејќи „Microsoft“ продолжува да се обидува да ги продава таблетите „Surface“ како замена за лаптопите, компанијата влезе во конфликт со компании како „Dell“, кои исто така произведуваат таблети и лаптопи со оперативниот систем „Windows“. За време на настанот, сепак, извршниот директор Сатја Недела се обиде да ги смири стравувањата дека концернот сака да се натпреварува се посилно со своите сопствени хардвер партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП