Компанијата „OwnFone“ ја започна продажбата на првиот Брајов мобилен телефон. Тој е создаден преку 3D печатач и може да биде персонализиран според желбата на корисникот.
„Уредот може да биде персонализиран со две или четири Брајови копчиња, кои се програмирани да одбираат дадени телефонски броеви“, коментира Том Сандерленд, творецот на компанијата. Тој додава дека ова е прв мобилен телефон кој користи 3D Печатач за тастатурата.
За луѓето кои не можат да го читаат Брајовото писмо, „OwnFone“ им нуди можност да бидат печатени врежани традиционални броеви или други симболи, кои им помагаат на корисниците полесно да се ориентираат. Во моментов, компанијата очекува да добие и патент за својата технологија на печатење.
За сега уредот ќе се нуди само на пазарот во Велика Британија. Таму неговата цена ќе биде 60 фунти. Самата компанија е основана пред 2012-та година, како специјализирана во изработка на мали мобилни телефони преку 3D принтери. Таа нуди различни модели кои се насочени кон малите деца и се замена на паметните телефони.