4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOткако не успеа да го купи, Facebook прави свој Snapchat

Oткако не успеа да го купи, Facebook прави свој Snapchat

fb j

„Facebook“ е во процес на развој на конкурент на популарната апликација за разговор „Snapchat“, објави онлајн изданието „The Verge“. Социјалната мрежа се одлучила на овој потег, откако минатата година не успеа да го купи „Snapchat“.

Иако нивниот интерес не беше официјално потврден, „Facebook“ на основачите на „Snapchat“ им предложил околу 3 милијарди долари. Тие одбија и претпочитаа да продолжат да ја развиваат апликацијата за себе.

Истовремено основачот на „Facebook“, Марк Зукерберг не крие дека постепено ги менува своите ставови за зачувување на идентитетот на интернет. Така на пример неодамна тој објави дека не го смета за потребно тоа, корисникот да е со вистински идентитет за било што во мрежата, и дури не ја исклучи веројатноста „Facebook“ да развие слични услуги кои ставаат акцент над анонимноста.

Паралелно со тоа, дел од новата мобилна стратегија на социјалната мрежа е да нуди пакет од различни апликации. Секоја од нив ќе има различен фокус над споделувањето во мрежата, како што за слики, видео или друго.

Идниот евентуален конкурент на „Snapchat“ во моментов има кодно име „Slingshot“. Апликацијата ќе овозможува лесно споделување на фотографии и видео, кое ќе се избрише откако примачот ќе го прегледа. Според извори на весникот „Financial Times“ учество во развој на „Slingshot“ има и Марк Цукерберг, кој е решен оваа апликација да е успех по неуспехот на „Poke“, што имаше слични функции.

Засега не е познато кога апликацијата може да се појави. Според изданието тоа е можно да се случи уште до крајот на овој месец, бидејќи нејзиниот развој трае веќе подолго време и главниот дел од работата е завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП