3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна масичка

Луксузна масичка

masa1

Оваа луксузна масичка изгледа како да е направена од вода и за само 160,000 американски долари може да биде ваша…

Луксузната масичка е дизјанирана од страна на Заха Хадид, гламурозната жена со препознатлив стил и необични архитектонски зафати.

masa3

Дизајнот на масичката е иновативен, таа изгледа како да е направена од вода, нејзината површина е перфектно мазна а доколку ја погледнете од различни страни може да ви се создаде слика дека водата се бранува. Масичката може да ја поделите на два дела, со што ќе добиете две помали масички. Нејзината намена е едноставна, таа е висока 750 мм и класифицирана е како мини кафе масичка.

Нејзините ногарки се изработени со истата техника, а на момент ќе си помислите дека тие се смрзнати стапчиња кои во секој момент ќе почнат да се топат.

masa2

Оваа масичка е номинирана во сегментот за мебел во Лондонскиот Музеј за Дизај за 2013 година. Нејзината цена е неверојатни 160,000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП