11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube ќе ja здобиe стриминг платформата Twitch за 1 милијарда долари

YouTube ќе ja здобиe стриминг платформата Twitch за 1 милијарда долари

yuki

Стриминг платформата „Twitch“ ќе стане сопственост на видеопорталот „YouTube“, пишува весникот „Variety“. Зделката е во вредност од малку над 1 милијарда долари, кои ќе бидат исплатени во кеш.

„Twitch“ е онлајн платформа за стриминг, која е многу популарна меѓу гејмерите. Преку неа тие објавуваат видео од своите игри, а при одредени услови од тоа може да се заработи и пари. Платформата има над 45 милиони активни корисници месечно, а над 1 милион од нив редовно испраќаат видео клипови.

Со трансакцијата, „YouTube“ уште повеќе ќе ја зголеми предноста во однос на своите конкуренти. Во моментов таа има над 1 милијарда корисници кои месечно гледаат над 6 милијарди часа видео. Заради обемот, претставниците на „YouTube“ очекуваат регулаторите да го прегледаат договор многу строго, за да се убедат дека преку купувањето на компанијата, таа нема да ја злоупотреби својата доминантна позиција.

Се очекува зделката наскоро официјално да биде прогласена. Засега од „YouTube“ не коментираат на оваа тема. Не е јасно дали „Twitch“ ќе биде зачувана како посебна платформа или ќе биде споена со „YouTube“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП