4 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако Apple ги казнува поранешните корисници на нивните уреди

Како Apple ги казнува поранешните корисници на нивните уреди

Apple Samsung Trial Scorecard

Бројни корисници кои „iPhone“ уредот го имаат заменето со „Android“ имаат голем проблем со добивањето пораки кои им ги испраќаат други корисници на „Apple“ смартфони, што се толкува како еден вид притисок од гигантот кон поранешните корисници.

Овој проблем е поврзан само со пораките кои се испраќаат од „iPhone“, a медиумите и незадоволните корисници веќе подолго време предупредуваат на овој проблем, кој „Apple“ се уште го нема решено.

Некои новинари коментираа дека „„Apple“ на овој начин ги казнува личностите кои ги замениле своите „iPhone“ уреди со тие кои користат „Android“, бидејќи тоа ги спречува во натамошната комуникација, па на тој начин се прави притисок дека мораат да поседуваат уред на „Apple“, за и натаму да бидат во комуникација.

До овој проблем доаѓа поради „Apple“ сервисот „iMeѕѕage“.Станува збор за различен систем во однос на класичниот за испраќање и примање пораки по пат на мобилните телефони, па откако пораките ќе ги испрати корисник кој претходно користел „iMeѕѕage“, па преминал на „Android“, тие привремено или засекогаш ги „снемува“ во тој систем, затоа што бараат неактивна адреса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП