25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија бара воведување на данок за финансиските трансакции

Европската комисија бара воведување на данок за финансиските трансакции

ek1

Европската комисија во четвртокот официјалнo го предложи воведувањето на данок за финансиските трансакции во 11 земји во Европската унија, со овој данок годишно ќе се соберат 35 милијарди евра. Европската комисија порача дека ова е само првиот чекор на патот кон воведување на овој данок во ЕУ.

Данокот за финансиските трансакции (FTT) ќе се воведе во јануари наредната година. Данокот ќе изнесува 0,1 процент за трговијата со акции и обврзници и 0,01 процент за трговијата со финансиските деривати.

Предлогот на комисијата се темели на соодветната законска иницијатива на 11 земји-членки кои претставуваат две третини од економијата на ЕУ и кои се одлучија да го воведат данокот без оглед на негативниот одговор од страна на останатите 16 земји. Во оваа група се вклучени Франција, Германија, Австрија, Белгија, Естонија, Грција, Италија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Обидите за т.н. „Тобин данок“, наречен според американскиот економист Џејмс Тобин кој го измислил во седумдесетите години од минатиот век, да се воведе во целиот свет пропаднаа поради противењето на САД. Еврокомесарот Алгирдас Семета предупреди дека воведените даноци во европскиот финансиски сектор се мали, проценувајќи го заостанувањето од околу 18 милијарди евра.

Комисијата истакнува дека 85 проценти од целните трансакции ќе се одвиваат помеѓу финансиските компании и дека ако некои трошоци се пренесат на потрошувачите, тоа ќе биде „несразмерно“.

-Секој граѓанин кој ќе гупи, на пример, акции во вредност од 10,000 евра, ќе плати данок за финансиската трансакција во износ од 10 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП