12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИUbisoft потфрли со резултатите од минатата година

Ubisoft потфрли со резултатите од минатата година

ubisoftlogo610

Kомпанијата „Ubisoft“ не успеа да ги исполни очекувањата од минатата година, бидејќи оствари загуба од 49 милиони евра, додека во 2012-та оствари профит од 69 милиони евра.

„Ubisoft“ во текот на фискалната година објави само два големи наслови, додека во претходната имаа три што доведе до намалување на продажбата од 18 проценти во тој сегмент.

Се смета дека главната причина за ова е тоа што се одложените две игри на кои премногу се надеваа – „Watch Dogs“ и „The Crew“.

Комапнијата исто така пријави и вкупен пад на продажбата од 20 проценти или на цифра од милијарда евра, додека минатата година таа изнесувала 1.26 милијарди.

Директорот на „Ubisoft“ очекува дека оваа година ќе се вратат на профит и тоа од 150 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП