20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката на злато на најниско ниво од 2009 година

Побарувачката на злато на најниско ниво од 2009 година

zlato12

Глобалната побарувачка на злато лани забележа пад, првпат по 2009 година, како последица на намалената продажба на накит во Азија и помалите инвестици во златници и златни шипки во Европа и САД, соопшти Светскиот совет за злато (ВГЦ).

Во 2012 година, побарувачката на злато опаднала за четири проценти во однос на 2011 година, на 4.405 тони.

Советот очекува потрошувачката на злато да биде стабилна во текот на оваа година, нагласувајќи дека ќе помине извесно време додека да се надминат последиците од финансиската криза.

– Тешко е да се очекува оваа година да има голем раст на побарувачката. Побарувачката ќе остане висока, но зборуваме за мали едноцифрени бројки, изјави директорот за инвестиции на ВГЦ, Маркус Граб.

Граб очекува во 2013 година цената на златото да се движи меѓу 1.625 и 1.695 долари за унца, иако нагласува дека е можно одредени настани да влијаат на нејзиниот раст.

Од почетокот на годината цената на златото се намали за 1,4 отсто, со што продолжи тенденцијата од последниете три месеци од 2012, кога беше регистриран најголем квартален пад на вредноста на овој благороден метал од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП