20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски: Осигурителните компании добро капитализирани, штетите редовно се сервисираат

Попоски: Осигурителните компании добро капитализирани, штетите редовно се сервисираат

popovski1

Осигурителниот пазар во Македонија во последните години бележи пораст, иако се уште не е доволно развиен. Двоцифрен раст е забележан особено кај животното осигурување. А во делот на неживотното осигурување, авто-одговорноста која беше доминатна сега веќе има учество под 50 проценти.  Работат вкупно 15 компании. Тие се добро  капитализирани. Штетите ги сервисираат редовно.

Ова го истакнува претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

– Пазарот на осигурување на Република Македонија е сè уште недоволно развиен, меѓутоа последниве години се забележува постојан тренд на пораст, како во делот на осигурувањето на живот, така и во делот на неживотното осигурување. Во сегментот на осигурување на живот забележуваме висока стапка на двоцифрен пораст во последните години. Прелиминарните податоци за 2012 година покажуваат дека овој тренд е задржан, со остварена стапка на порастот од 20 отсто, истакнува Попоски во интервјуто.

Тој додава дека бенефитот за граѓаните од животното осигурување се однесува на тоа што прво го осигуруваат ризикот од смрт, но истовремено обезбедуваат и исплата на акумулираната премија зголемена со загарантирана каматна стапка во случај на доживување на одредена возраст, тоа се ткн. мешовити производи, откако осигуреникот ќе доживее одреден период, а не доживеал смрт се она што го заштедил преку уплата на премија му се враќа и плус одреден принос.

За тоа колку се заштитени средствата на граѓаните вложени во полиси за осигурување истакнува дека друштвата издвојуваат адекватна математичка резерва, односно фонд што ги гарантира исплатите на штети  и може да се каже дека се добро капитализирани. Имаат издвоено адекватно ниво математички резерви што одговараат на нивните обврски, што ги прави стабилни и ликвидни во однос на преземените обврски.

За делот на неживотното осигурување посочува дека минатата година е забележан пораст од 1,65 проценти на остварена бруто полисираната премија во износ од 6,41 милијарди денари. Во структурата на осигурителното портфолио доминантно е осигурувањето од автоодговорност, но важно е, нагласува, дека сега учеството е под 50 проценти. За цената истакнува оти е адекватна и најавува дека се прават подготовки за либерализирање на пазарот во овој дел, што е услов откако Македонија ќе влезе во ЕУ.

Регулирана е цената на осигурувањето од авто-одговорност и зелениот картон, но согласно со директиви на ЕУ, со кои сме во голем степен усогласени, моторното осигурување ние како идна членка ќе треба да го либерализираме, односно друштвата за осигурување треба слободно да ја формираат цената. Наместо регулираниот режим, треба да преминеме кон слободно формирање на цената на авто-одговорност. Ние на некој начин и сега работиме околу подготвителни активности, бидејќи како регулатор треба да бидеме подготвени за да не дојде до некој хаос на пазарот цените да се спуштат на толку ниско ниво па да дојде до нарушување на пазарот на авто-одговорност и ликвидносни проблеми за друштвата, па да дојде и до банкротство, вели Попоски и додава дека тоа е откако ќе влеземе во ЕУ, но оти можеме и претходно да го воведеме.

Посочува дека има добар развој на имотното и каско осигурувањето, а развојот во иднина го гледа во осигурувањето на живот, кај имотното осигурување, како и дополнителното здравствено осигурување.

Очекува влез на нови компании, кои имале интерес, но ги одложиле плановите поради должничката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП