4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на Intesa Sanpaolo

Скокна профитот на Intesa Sanpaolo

1667906099537502fc1349b062972376_640x360

Втората по големина италијанска банка „Intesa Sanpaolo“ во првиот квартал од оваа година оствари нето профит од 503 милиони евра, што е речиси за две третини повеќе отколку минатата година.

Аналитичарите предвидуваа доста понизок профит од 363 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите пред оданочувањето се зголемени за 22,5 проценти на 953 милиони евра. Резултатот претставува значителен пресврт во однос на оној од 2013 година, кога банката евидентираше нето загуба од 4,55 милијарди евра, по големиот отпис на средствата.

„Целите на профитабилноста оваа година ќе ги формулираме со внимателно следење на ризиците и ликвидноста“, наведува „Intesa Sanpaolo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП