20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина наскоро ќе владее со светот

Кина наскоро ќе владее со светот

kina11

Кина во 2012 година се издигна помеѓу лидерите на светската трговија и за прв пат го преминa САД.

Економските аналитичари предвидуваа дека тоа ќе се случи по 2016 година, а сега сметаат дека Кина за четири години ќе се искачи на врвот на листата на лидерите во однос на обемот на домашниот бруто производ.

Минатата година, во однос на обемот на извоз и увоз на стока, Пекинг го премина Вашингтон за сто милијарди и застана на бројка од речиси четири илјади милијарди долари.

Ако овој тренд продолжи, Пекинг, покрај тоа што ќе стане лидер во сферата на трговија, ќе го завземе и првото место во однос на обемот на домашниот бруто производ.

Кина ќе го зголеми производството и ќе ја зголеми и домашната побарувачка. Житeлите ќе се збогатат, а на сметка на тоа ќе се зголеми и куповната моќ.

Кина, за сега ќе мора да чека за целосно да ја превземе светската економска надмоќ.

Економските аналитичари сметаат дека Кина, поради нејзината економска политика се уште нема да може во целост да го надмине САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП