4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo ја превзема апликацијата Blink

Yahoo ја превзема апликацијата Blink

yahoo-blink

Kомпанијата „Yahoo“ ја купи апликацијата „Blink“, пренесуваат американските портали.

„Blink“ е лансирана во април минатата година од страна на „Meh Labs“, a aпликацијата е еден вид конкуренција на „Snapchat“, кој кон крајот на 2013-та година ја купи „Facebook“ зa три милијарди долари.

Корисниците на „Blink“ можат меѓу себе да разменуваат пораки и слики кои по одреден временски период исчезнуваат.

По нешто повеќе од една година постоење, компанијата стана мета на превземања, а нејзин нов сопственик сега е „Yahoo“, беше објавено на страната на „Blink“. Финансиските детали не се објавени, но најавено е дека „Blink“ ќе престане да постои како апликација за „iOS“ и „Android“ оперативните системи.

Во прилог на вообичаената благодарност кон своите клиенти, авторите на „Blink“ најавуваат и следно поглавје во развојот на своите идеи, но овој пат под капата на далеку поголема компанија.

Покрај „Blink“, оваа компанија е позната и по претходно изработената апликација „Kismet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП